Вести Свет Топ вести

СЗО за хантавирусот: Ова не е почеток ниту на епидемија, ниту на пандемија

Светската здравствена организација соопшти дека епидемијата на хантавирус на крузерот, која предизвика три смртни случаи, не претставува „почеток на епидемија“ ниту „пандемија“ во оваа фаза.

-Ова не е почеток на епидемија. Ова не е почеток на пандемија, но е совршена можност да се потсетиме дека инвестициите во истражување на патогени како ова се клучни бидејќи терапиите, тестовите и вакцините спасуваат животи, изјави Марија Ван Керхове, раководител на Одделот на СЗО за превенција и подготвеност за епидемии и пандемии, пред новинарите во Женева.

СЗО нагласи дека обемот на епидемијата на хантавирус на крузерот треба да биде „ограничен“ доколку се спроведат мерки за јавно здравје и земјите покажат „солидарност“, но додаде дека се „можни“ и нови случаи.

СЗО: Епидемијата на хантавирус на крузерот не е почеток на пандемија

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Волстрит џурнал“: САД размислуваат за преместување на базите од Персискиот Залив, опција е Израел, сакаат да бидат надвор од дострел на иранските проектили

Sasko Dimovski

Во возило на кочаначенец најдени 1800 парчиња брендирана облека – шверцувал маички, дуксери, тренерки

Дејан Дејан

Почина македонскиот фолклорист Иван Котев

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе