(ФОТО: ЕУФОР) Патрола на ЕУФОР, составена од припадници на армиите на Македонија и Турција, спаси маж и жена заглавени во „голф“ на патниот правец Тузла-Грачаница, соопштија од Европската мисија во БиХ.
Брачната двојка излетала со „голф 5“ во канал покрај патот на 7-ми мај, околу 14 часот и се заглавил. Мажот и жената биле делумно потопени во вода. Единицата во чиј состав имало припадници на АРМ веднаш притрчала на помош.
Во спасувањето учествувале и луѓе што се нашле во близина на локацијата. Тие го држеле возилото за тркалата за да не потоне бодејќи постоела опасност тоа дополнително да потоне или да се преврти.
Поради сомнежи за скршеници кај жената, спасувачите реагирале внимателно и со скали, кои на војниците им послужиле како импровизирани носила, ја извлекле од каналот без нови повреди.
