Вести Македонија

Потпишана Конвенцијата на Советот на Европа за вештачка интелигенција

Македонија ја потпиша Рамковната конвенција на Советот на Европа за вештачка интелигенција. Конвенцијата, усвоена од Комитетот на министри на Советот на Европа во мај 2024 година, претставува прв обврзувачки меѓународен инструмент кој воспоставува принципи и стандарди за безбедна, етичка и одговорна употреба на вештачката интелигенција.

Со нејзиното потпишување, нашата држава се приклучува кон меѓународните напори за воспоставување јасни правила и стандарди за развој и употреба на вештачката интелигенција, во согласност со принципите на човековите права, демократијата и владеењето на правото.

Министерот за правда Игор Филков истакна дека со Конвенцијата се воведуваат јасни гаранции дека вештачката интелигенција ќе се користи на начин кој го почитува човековото достоинство, еднаквоста и недискриминацијата, а граѓаните ќе имаат поголема заштита на приватноста и личните податоци, како и пристап до ефективни правни лекови доколку нивните права бидат повредени.

„Особено ја поздравуваме флексибилноста што Конвенцијата им ја овозможува на државите – да ги приспособат мерките во согласност со своите правни и институционални системи, а притоа да ги почитуваат универзалните стандарди. Ова е од клучно значење за ефективна имплементација и одржливи резултати “, истакна Филков.

Тој истакна дека технолошкиот развој мора да биде во служба на граѓанинот,а иновациите мора да бидат безбедни, етички и одговорни.

Во наредниот период ќе следува предратификациона анализа и процес на усогласување со националното законодавство, во кој ќе бидат вклучени релевантни институции, експерти и претставници на граѓанскиот сектор, со цел обезбедување квалитетна и сеопфатна имплементација на обврските што произлегуваат од Конвенцијата.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Еден леб го фактурирале по 136 денари на студентски домови – Ацевски откри дел од извештај на ДЗР

Sasko Dimovski

Ацевски: Побаравме благородни метали за дентални услуги да бидат преземени од болницата во Прилеп и да се стават во депото на државата

Sasko Dimovski

Ацевски: Долгот на ПИОМ кон ФЗО е 136,4 милиони евра, но нема простор за грижа за давањето на здравствени услуги за осигурениците

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе