Во сообраќајна несреќа во Прилеп загина 19-годишник откако се судрил со автобус кој бил управуван 62-годишно лице. Откако младото момче било пренесено во прилепската градска болница од доктор му била констатирана смрт. Како што соопштува полицијата мотоциклот со кој управувало момчето било без регистарски ознаки.
На 30.04.2026 во 06:23 часот во ОВР Прилеп e пријавено дека на ул. „Леце Котевски” во Прилеп се случила сообраќајна несреќа помеѓу автобус со прилепски регистарски ознаки, управуван од Г.К..(62) од Прилеп и мотоцикл „хонда” без регистарски ознаки, управуван од В.Б.(19) од село Големо Коњари, прилепско, соопштуваат од МВР.
Увидот на местото на несреќата го извршила екипа на ОВР Прилеп.
