Вести Економија Топ вести

За само три месеци министрите потрошиле над 400 милиони евра – буџетскиот дефицит за 2026 речиси исполнет

Две третини од планираниот буџетски дефицити за годинава е исполнет и тоа само за три месеци. Заклучно со март министерствата потрошиле над 400 милиони од планираните речиси 640 милиони евра за оваа година. Ова значи дека до крајот на 2026 можат да се искористат уште 230 милиони евра. Со ваквата сликата за домашната каса во првиот квартал, се отвара прашањето колкава можност има државата да носи дополнителни мерки ако има потреба од тоа. Нивните уверувања се дека за сега состојбата не е алармантна.

Тоа се одлуки на министрите, кои што сметаат дека во првиот квартал треба да ги исплатат обврските нема да ги исплатат во вториот и третиот, ќе ги исплатат во првиот. Тоа се планирани расходи кои што тие одлучуваат како ќе ги исплатат.  Но тоа не значи дека до крајот на годината тие ќе добиваат дополнителни пари на  расходна страна, изјави министерката за финансии Гордана Димитриевска Кочоска

За покривање на тековни трошоци се чека и заемот од 300 милиони евра, пари кои треба да стигнат. А најверојатно владата и повторно ќе се задолжува.

Доколку со ребалансот се констатира дека се потребни дополнителни средства повторно со ребаланс ќе биде направено поминато во собрание. Најверојатно оваа година ќе одиме повеќе на странски пазари, додава Димитриеска Кочоска 

Од владата тврдат дека кризни мерки го чинат буџетот милиони, без да прецизираат за колкава сума станува збор. Во моментов за 4 денари е намалена акцизата за дизелот, очекувањата се дека за толку ќе се спушти и за бензините. Но, од друга страна ДДВ за дизел чија цена близу 90 денари е 18 отсто  и за сега не се размислува да се спушти на 10 проценти. Се уште се преговора и со ОКТА дали компанијата ќе даде попуст до 3 денари и во мај.

Ирена Чачкова 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Без нови првачиња и шестоодделенци во ООУ „Гоце Делчев“

Дејан Дејан

Сончево и топло – Временска прогноза за 21.6.2026

meteo

Во Тетово некои улици осветлени и дење, други со денови во темнина

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе