Вести Македонија

(Видео)Приведен претседателот на Црвена младина за време на ракометниот кадетски натпревар Македонија-Израел

За време на денешниот ракометен натпревар на кадетите меѓу Македонија и Израел, кој се одржа во спортската сала „Јане Сандански“, дојде до инцидент при кој беше приведен Андреј Куцуловски, претседател на подмладокот на Левица „Црвена младина“.

Од партијата преку објава на „Фејсбук“ информираат дека приведувањето се случило откако Куцуловски истакнал палестинско знаме. Според нивното соопштение, тој бил оттурнат и однесен со лисици во полициска станица, без притоа да му биде образложена основата за лишување од слобода, ниту да биде наведено конкретно кривично дело или прекршок. Дополнително, како што тврдат, полициските службеници не се легитимирале за време на интервенцијата.

Од Левица го осудија настанот, оценувајќи го како непропорционална употреба на сила и најавија дека ќе ги искористат сите правни и институционални механизми за расчистување на случајот. Засега нема официјална реакција од Министерството за внатрешни работи за причините за приведувањето.

Инаку, на натпреварот машката кадетска репрезентација на Македонија одигра одличен турнир на Светското училишно првенство. Избраниците на Горан Кузманоски го освоија златниот медал, откако во финалето славеа против Израел со 38-32.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Два силни земјотреси со јачина од 7.5 и 7.2 степени ја погодија Венецуела

Дејан Дејан

ЕУ до 2029 година ќе воведе дигитално евро

Sasko Dimovski

Франција втор ден по ред го регистрира најжешкиот ден во историјата

Igor Trajkov

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе