Вести Македонија

Пешевски: Градежништвото во Македонија меѓу најопасните во светот – безбедноста се третира како трошок

По последниот смртен случај на градилиште, повторно се актуелизира прашањето за безбедноста на работниците во градежниот сектор, како и почитувањето на основните стандарди за заштита при работа.

Во емисијата „Топ Тема“ на Телма, претседателот на Синдикатот за градежништво Иван Пешевски предупреди дека состојбата во секторот е сериозна и дека градежништвото во земјата се наоѓа меѓу најризичните во светски рамки.

„Македонија и нашите работодавачи направија градежништвото да биде убиец број еден, не само во Европа, туку и во светот“, изјави Пешевски.

Тој посочи дека проблемот со безбедноста на работниците не се третира со доволна сериозност, нагласувајќи дека во пракса таа често се гледа како дополнителен трошок, наместо како неопходна инвестиција.

„Газдите повеќе безбедноста ја гледаат како трошок, а не како инвестиција, а не видовме овие години да заврши зад решетки и да одговара“, додаде тој.

Пешевски предупреди и на недостиг од унифицирана статистика за повредите на работно место, наведувајќи дека постојат разлики меѓу податоците од институциите и медиумските извештаи. Според него, во периодот од 2021 до 2025 година се регистрирани над илјада повреди во градежниот сектор, со просек од околу 20 смртни случаи годишно. Тој истакна дека податоците од Државниот инспекторат за труд, Институтот за јавно здравје, МВР и обвинителството често не се усогласени, што дополнително ја отежнува анализата и превенцијата.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Два силни земјотреси со јачина од 7.5 и 7.2 степени ја погодија Венецуела

Дејан Дејан

ЕУ до 2029 година ќе воведе дигитално евро

Sasko Dimovski

Франција втор ден по ред го регистрира најжешкиот ден во историјата

Igor Trajkov

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе