Вести Македонија Топ вести

Полицијата го истражува падот на параглајдер меѓу пешаци во Охрид

Полицијата работи на расчистување на инцидентот што вчера попладне се случи на пешачка патека во Охрид, кога тандем параглајдер падна на плочникот и собори канделабра. Во настанот нема повредени лица, а снимката на која се гледа како леталото прелетува ниско над минувачи предизвика бурни реакции во јавноста.

Нема повредени лица во инцидентот што се случи вчера попладне, кога тандем параглајдер се спушти на пешачката патека во Охрид, информираа од охридкста полиција, кои по насоки на јавен обвинител работат на расчистување на случајот.

На вознемирувачкиот настан сведочеа граѓани и туристи кои се движеа по патеката покрај Охридското Езеро.

Видеото, кое стана вирално на социјалните мрежи, покажува како параглајдеристот прелетува ниско над главите на мајка и мало девојче на шеталиштето, кои во паника се тргаат настрана за да избегнат опасен контакт. Потоа, тандем-параглајдерот удира во канделабра, ја соборува на земја и паѓа врз неа, во непосредна близина на пар кој шета по патеката.

  • „Во СВР Охрид е пријавено дека околу 14:00 часот две лица со параглајдер се спуштиле на пешачката патека по каналот „Студенчишта“, по што паднале на плочникот. Дел од опремата на параглајдерот зафатила електрична канделабра поставена на централниот дел од патеката, која се скршила и паднала на пешачката лента. До овој момент нема пријава за повредени лица“, соопштија од СВР Охрид.

Засега останува нејасно дали станува збор за принудно слетување или параглајдеристот, наместо на предвидената тревна површина, завршил на пешачката патека.

Иако нема жртви ниту потешко повредени, сцената делува крајно вознемирувачки, а инцидентот повторно го отвора прашањето за безбедноста при вакви авантуристички летови, особено при слетување во фреквентни пешачки зони.

Емилија Мисирлиевски 

Б.С.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Скопјанец бил пресретнат со три возила, претепан и однесен во Шишево

Tea Dimkovska

Франција под засилени безбедносни мерки пред Самитот на Г7 

Tea Dimkovska

Тешка сообраќајка кај Љуботен – Повредени седум лица, меѓу нив и четири деца

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе