Вести Економија Топ вести

Нови цени на горивата од полноќ

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,40% во однос на одлуката од 20.4.2026 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 4,268%, кај дизелот има намалување за 3,760%, кај екстра лесното масло намалувањето е за 1,528% и кај мазутот има зголемување за 1,117%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,0452%.

Од 28.4.2026 година од 00:01 часот на бензинските на Макпетрол цените на  нафтените деривати ќе изнесуваат:

Стари цени Нови цени  
  Од 21.04.2026 Од 28.04.2026  
       
Дериват ден/лит ден/лит  
       
ЕУРОСУПЕР БС  – 95 78,50 80,50  
ЕУРОСУПЕР БС  – 98 80,50 82,50  
ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д– E V) 91,00 88,50  
ЕКСТРА ЛЕСНО 1 (ЕЛ-1) 97,00 96,00  
БИОДИЗЕЛ Б6 БС 92,00 89,50  
       
МЕТАН 78,50 ден/кг 78,50 ден/кг  
АВТОПЛИН 54,00 ден/кг (23.04.2026) 54,00 ден/кг  
МАЗУТ 46,288 ден/кг 46,656 ден/кг  

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Идентификуван и пронајден е 19 годишникот кој вчера прегази 3 годишно девојче во Визбегово и избега

Дејан Дејан

ТЕЛМА СТОРИЈА: Битка за Куклица – Кој ја контролира „веселата свадба“

Дејан Дејан

Без нови првачиња и шестоодделенци во ООУ „Гоце Делчев“ во Штип, училиштето постепено ќе се затвора

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе