Бензините поскапуваат за 2 денари, дизелот поевтинува за 2, 5 денари. Регулаторите со нови одлуки за горивата.
На корекциите од РКЕ кога ќе се додаде попустот од ОКТА цената на 95 ката од ноќеска на полноќ ќе изнесува 80, 5 денари за литар, на 98 цата ќе се точи за 82, 5 денари, додека дизелот пак чија цена е најмногу на удар со стартот на овој конфликт ќе чини 88, 5 денари за литар. Попустот од Окта завршува на крајот од месецов, Мицкоски тврди дека ќе се преговара со компанијата да продолжи и во мај.
Ќе разговараме оваа недела уште не сме ја отвориле темата. Ќе разговараме и со министерката за енергетика. Кон крајот на неделава ќе ги правиме математиките за оваа недела и ќе носиме одлуки како понатаму, изјави премиерот Христијан Мицскоски
До крајот на месецов останува и ДДВ од 10 отсто за бензините, за дизелот уште минатата недела се врати на 18 проценти. Во меѓувреме цената на нафтата на берзите повторно отиде над 100 долари за барел. Сепак, Мицкоски не смета дека одлуката за враќање на ДДВ то е избрзана. Не се планира ниту забрана за реекспорт ниту ограничување на точењето на горивата.
Од бизнисот пак очекуваат продлабочување на кризата. Предлагаат да се воведат таргетирани мерки за фирмите, но фокус да бидат извозните компании.
Македонските компании се нон стоп присутни во Стопанската комора, нивното зголемено присуство во овој момент значи дека предосеќаат дека може да дојде до непредвидливо сценарио. Мислам дека долго трупаните проблеми со кризите во Европа и во светот, ќе ја зголемуваат инфлацијата и тоа сигурно ќе влијае врз работењето на сите. И тоа ќе биде прв приоритет за борба која што мора да се добие бидејќи без таа борба нашата струка и роба ќе стане безначајна, изјави претседателот на СКМ, Бранко Азески.
Од експертската јавноста пак сметаат дека веќе станува нужна потребата за директна финансиска помош, како за домаќинствата така и транспортните фирми но, да се временски ограничени.
Веќе има и поместување на некои цени, па така статистика измери и 5 отсто инфлација во март годинава, во однос на март лани. Но, во тој дел за сега остануваат само тврдењата од надлежните дека состојбата се следи и дека има минимално поскапување, без конкретни мерки за цени.
Ирена Чачкова
Б.С.
