Вести Економија Топ вести

Рудник за антимон – Меѓу загриженоста за животната средина и надежта за економски развој

Додека траат политичките препукувања за можното реотворање на рудникот за антимон Крстов Дол кај Крива Паланка, жителите кои живеат во непосредна близина на стариот рудник со внимание и со поделени ставови ја следат состојбата.

Од една страна е загриженоста за евентуалното загадување, стравот дека новите ископувања ќе им ги пресечат подземните води па изворите ќе пресушат, стравот дека ако има експропријација ќе им го земат имотот за мали пари. Од друга страна е надежта дека отворањето на рудник ќе донесе нови работни места, економски развој, враќање на младите поради добрите плати во рударството и можен ќар ако се погоди да треба да се копа во нечиј имот.

„Како прво ќе снемаме вода за пиење, ќе пропадне водата“, дециден беше Блажо Димитровски од Голема Црцорија.

Јас по мое како можело тогаш, па и тогаш имало закони, имало Институт за рударство, работеле, не затвориле, флотација имало, јаловиште имало па не загадувало. Јас сум да се отвори рудник, убаво е да се отвори, антимонот е скап на берза, па некое младо дете ќе се вработи, ќе треба електричар, бравар, има од сите струки по некој работник да се вработи. И за општината ќе биде подобро, смета Драги Цветковски, пензиониран рудар од Луке.

Вработени во фирмата Пела глобал, која има концесија за истражување во околината на кривопаланечкото село Луке работат на терен за да утврдат дали и каде има руда исплатлива да се ископува. Се работи на две локации.

Се испитува дали е исплатливо повторно да се отвори стариот рудник за антимон Крстов Дол, а на локалитетот Самар на самата граница со Србија во близина на село Луке се вршат испитувања за злато.

Австралиската компанија Пела глобал пред две недели потпиша договор со Финансиската корпорација за меѓународен развој на американската влада со која обезбеди 5 милиони долари за истражување на проектот за антимон во Македонија.

Премиерот Христијан Мицкоски најави дека рудникот ќе биде отворен и оти рудата ќе се носи на топење во САД. Опозицискиот СДСМ се противи поради загриженост за животната средина и бара локален референдум за отворање на рудникот.

Се скараа и со својот градоначалник на Крива Паланка, кој поддржува отворање на рудник ако се почитуваат сите еколошки стандарди.

Срѓан Стојанчов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ѓоковиќ со поддршка за Ѓорческа: Македонија испишува историја на Вимблдон

Sportska Redakcija

(видео)„Kако ќе се утврди вистината ако не се прикажат доказите“, прашаа родителите на денешниот 46. „Марш на ангелите“ во Кочани

Дејан Дејан

Израелскиот министер Кац со порака доТехеран: Доколку Иран се обиде да го нападне Израел ние ќе возвратиме со голема сила

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе