На укинување на принципот на едногласност во Европската Унија во областа на надворешната и безбедносната политика и негова замена со принципот на гласање со мнозинство, повика германскиот министер за надворешни работи, Јохан Вадефул.
– Во една демократија принципот на мнозинство е норма, а едногласноста исклучок – изјави Вадефул за време на заедничката прес-конференција со неговата ирска колешка Хелен Мекенти во Лондон.
Ирска го презема претседателството со Советот на ЕУ во јули.
– Ние мораме демократската норма да ја претвориме во норма и во Европската Унија – истакна Вадефул, додавајќи дека само така Европа може да остане способна да дејствува.
Вадефул оцени дека по изборите во Унгарија на 12 април и поразот на Виктор Орбан, сега постои поволен „временски прозорец“ кој мора да се искористи. Тој потсети дека Орбан, кој важеше за наклонет кон Русија, ги попречуваше гласањата во ЕУ во текот на 16-те години додека ја водеше земјата.
– Секој месец е важен, па дури и секоја недела – предупреди Вадефул, нагласувајќи дека „блокадите на кои бевме сведоци во минатото веќе не се нешто што ЕУ може да си го дозволи во овој сериозен светски контекст“.
