Поранешниот претседател на Фудбалската федерација на Македонија, Мухамед Сејдини, е лишен од слобода во акција на МВР и Јавното обвинителство во Скопје. Тој се сомничи за проневера и злоупотреба на околу 700.000 евра средства од УЕФА наменети за изградба на трибина во Охрид. Надлежните информираат дека истрагата е во тек и повеќе детали ќе бидат соопштени по нејзиното завршување.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.
