Денеска нова средба ССМ, Влада и работодавачи. Но како точки на дневен ред не се ставени цените потрошувачката кошнишка и минималната плата. Во услови на глобални трбуленции и повторно нов скок на цената на нафтата на берзите, овие точки не се најдоа на листата, Но, има опција да бидат отворени на самиот состанок.
Темите на кои ќе се дискутира се :
Годишниот извештај за работата на Економско- социјалниот совен за 2025 година
Закон за забврана за пушење – Министерство за здравство
Закон за младински додаток – Министерство за економија и труд
Измени во Законот за пензиско и инвалидско осигурување во делот на бенефициран стаж
Оперативен план за 2026 година – Министерство за економија и труд
Изветшај за работата на Агенцијата за вработување, АВРМ
Но, под точката разно, останува можноста да се отворат и темите за цените, зголемеи трошоци за живот, минималната плата. Па, останува да се види дали за овие прашања ќе се дискутра без разлика што не се дел од дневниот ред.
Во меѓувреме цената на нафтата на светските берзи повторно се искачи над 100 долари за барел, за еден месец трошоците за живот во земјава скокнаа за скоро 1.000 денари. Инфлацијата во март повторно забрза и сега е речиси 5 отсто во однос на март лани.
Претходниот, Економско – социјален совет беше пред речиси два месеци. Тогаш ССМ го напушти состанокот со образложение дека не сакаат да поддржат зголемување на минимална плата од 1.600 денари. Првично тие бараа минималецот да биде 500 тини евра, сега 600 евра , но падна одлука да се задржи законскиот раст.
