Вести Свет Топ вести

(фото) Романското национално наследство се врати дома – Непроценливиот златен шлем кој датира од пред 2.500 години е вратен во Букурешт

Непроценлив златен шлем кој датира од пред 2.500 години е вратен во Романија, откако националното наследство беше украдено минатата година.

Украсната кацига Котофенести и трите златни нараквици – некои од најпочитуваните романски национални богатства од цивилизацијата Дачија – беа земени од музејот Дренц во јануари 2025 година во рација што го шокираше уметничкиот свет и ги опустоши романските власти.

Но, по 14 месеци истраги, дипломатски тензии и тројца осомничени во тековното судење, повеќето артефакти пристигнаа на меѓународниот аеродром во Букурешт Анри Коанда, од каде властите ги транспортираа под стража до Националниот историски музеј во Букурешт.

Тие се изложени во стаклена витрина, опкружени со маскирани, вооружени чувари.

  • „Романското национално наследство се врати дома. Европското наследство повторно е онаму каде што му е местото. Кражбата со употреба на експлозиви од оваа големина е без преседан во историјата на западните музеи“ – Роберт ван Ланг, директор на музејот Дренц.

Овој месец холандските обвинители ги открија пронајдените предмети во источниот холандски град Асен.

Останува непознато каде се наоѓа третата златна нараквица, но Роберт ван Ланг, директор на музејот Дренц, вети дека потрагата ќе продолжи и дека судската пресуда се очекува во наредните недели.

  • „Сета оваа епизода не потсетува на тоа колку може да биде разоткриено едно наследство: насилство, нелегална трговија, запоставување. Токму затоа неговата заштита не може да остане само апстрактна обврска, ниту пак онаа што им припаѓа исклучиво на специјалисти или институции. Тоа е должност што му припаѓа на целото општество“ – Деметер Андраш Иштван, министер за култура на Романија.

 

За време на исчезнување, златната кацига била благо издлабена, додека пронајдените нараквици биле во совршена состојба.

По рацијата, холандските власти објавија цензирурина безбедносни снимки на кои се гледаат три лица кои ја отвораат вратата на музејот, по што се слуша експлозија.

Пред неговото обновување, постоеја стравувања дека шлемот можеби е стопен, бидејќи поради неговата слава и препознатливиот изглед немаше никаква можност за продажба. Наскоро и  пошироката јавноста ќе може да ги види артефактите кога ќе завршат некои реставраторски работи.

Билјана Ставрова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Скопјанец бил пресретнат со три возила, претепан и однесен во Шишево

Tea Dimkovska

Франција под засилени безбедносни мерки пред Самитот на Г7 

Tea Dimkovska

Тешка сообраќајка кај Љуботен – Повредени седум лица, меѓу нив и четири деца

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе