Вести Свет Топ вести

Најава од Будимпешта: Новата унгарска влада планира отворање на архивите на тајната полиција од времето на комунизмот

Новата влада на Унгарија планира отворање на историските архиви на тајната полиција од комунистичкиот период, најави Балинт Руф, шеф на кабинетот на Петер Маѓар, кој се очекува да стане премиер на 9 мај.

Партијата од десниот центар Тиса победи на изборите на 12 април, поразувајќи ја Фидес на долгогодишниот лидер Виктор Орбан, меѓу другото со ветувања за враќање на Унгарија на проевропскиот пат, оживување на ослабената економија и деблокирање на милијарди евра средства од Европската Унија.

Руф, кого Маѓар го потврди како свој избор за шеф на кабинетот, изјави за порталот „Валаш онлајн“ дека отворањето на архивите ќе биде негов „приоритет број еден“.

„Ова е задача за историчарите, но јас ќе обезбедам следната влада да создаде рамка за таа работа, односно да овозможи истражување без политички притисок“, изјави Руф, адвокат и политички советник.

За разлика од Полска или Чешка, Унгарија никогаш официјално не ги објавила имињата на соработниците на тајната полиција од комунистичкото време, иако дел од нив повремено се појавувале во медиумите.

Поединци имаат пристап до сопствените досиеја, но не и до материјали за други лица, вклучително и за поранешни доушници.

Историчарот Криштијан Унгвари, силен поддржувач на целосна транспарентност, во 2023 година изјави дека, иако „минатото на јавните личности не е јавно, тие постојано ќе бидат изложени на уцени од оние што имаат пристап до тие информации“.

Руф најави и формирање канцеларија за враќање на милијарди форинти изгубени поради корупција, која ќе ги надгледува и европските прашања со цел внимателно следење на процесот на деблокирање на средствата од ЕУ.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Скопјанец бил пресретнат со три возила, претепан и однесен во Шишево

Tea Dimkovska

Франција под засилени безбедносни мерки пред Самитот на Г7 

Tea Dimkovska

Тешка сообраќајка кај Љуботен – Повредени седум лица, меѓу нив и четири деца

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе