Луфтханза презема мерки на штедење, откако порасна цената на керозинот. Компанијата откажува 20.000 кратки летови до октомври.
Ова одговара на заштеда од околу 40.000 тони керозин, чија цена се дуплираше од почетокот на војната во Иран, објави компанијата во Франкфурт на Мајна.
Прилагодувањата ќе го намалат бројот на неекономични кратки летови. Понудата на Луфтханза треба да се оптимизира во текот на летото преку шесте центри во Франкфурт, Минхен, Цирих, Виена, Брисел и Рим.
Патниците на тој начин би продолжиле да имаат пристап до глобалната мрежа на рути.
Луфтханза, исто така,го ревидира своето среднорочно планирање на рутите со оглед на намалувањето на капацитетот.
Групацијата очекува „во голема мера стабилно снабдување со гориво“ за летовите што сега се планирани во летниот распоред на летови.
