Вести Македонија Топ вести

Ги запишале за магистри без да ја имаат потребната диплома

Седум студенти на магистерски студии на Филозофскиот факултет се отпишани. Деканот Оливер Бакрески објаснува дека им е прекинат статусот студент бидејќи немале доволно кредити од додипломски студии – наместо потребните 240 кредити од академски студии, тие имале 180 кредити од стручни студии.

„После дипломски студии со завршени 60 кредити може да се запишат само студенти кои имаат завршено академски студии со 240 ЕКТС во времетраење од четири години. Овие студенти имаат завршено тригодишни стручни студии и плус едногодишни стручни магистерски студии“,рече Оливер Бакрески, декан на Филозофскиот факултет

Неправилностите ги утврдил Државниот просветен инспекторат при вонредна контрола.

„По иницијатива на деканот на Филозофскиот факултет при УКИМ, инспекторатот извршил контрола на уписите на втор и трет циклус студии. Утврдено е дека дел од студентите биле примени без да ги исполнуваат законските услови, односно без завршен академски прв циклус со минимум 240 ЕКТС кредити. Наместо тоа, тие имале 180 кредити од стручни студии, дополнети со 60 кредити од специјалистички студии, што не е дозволено според закон и правилници“-соопштија од  Државен просветен инспекторат

Министерката за образование Весна Јаневска изјави дека конечната одлука за случајот ќе ја донесе по истекот на рокот за постапување по препораките. Инаку денеска се одржал последниот состанок за законот за високо образование, а веќе утре пакетот закони влегува во владина процедура.

Тамара Марковска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Скопјанец бил пресретнат со три возила, претепан и однесен во Шишево

Tea Dimkovska

Франција под засилени безбедносни мерки пред Самитот на Г7 

Tea Dimkovska

Тешка сообраќајка кај Љуботен – Повредени седум лица, меѓу нив и четири деца

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе