Вести Најважни Свет

САД запленија брод под иранско знамe

САД пресретнале и заплениле товарен брод под иранско знаме кој се обидел да ја пробие американската поморска блокада, објави американскиот претседател Доналд Трамп. Според него, бродот бил предупреден да запре во Оманскиот Залив, но откако одбил, американската морнарица интервенирала и го онеспособила, по што бродот бил ставен под американска контрола.

Ова е прво такво пресретнување откако минатата недела започна блокадата на иранските пристаништа. Веста ја доведе во прашање претходната најава на претседателот на САД Доналд Трамп дека американските преговарачи ќе се упатат кон Пакистан денеска на уште една рунда разговори со Иран. Кревкото примирје треба да истече до среда, а Вашингтон и Техеран остануваат во застој околу теснецот.

Тензиите остануваат високи, откако Трамп повторно се закани со напади врз иранска инфраструктура доколку не се постигне договор. Во исто време, има извештаи за нови напади врз трговски бродови во Ормускиот Теснец, што дополнително ја комплицира безбедносната состојба во регионот.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Жена приведена во Ресен при обид за кражба

Tea Dimkovska

Вајц: ЕУ не бара менување на идентитетите, потребни се доверба и дијалог меѓу Скопје и Софија

Tea Dimkovska

За реконструкција на Владата Димитриевски смета дека ЗНАМ ќе продолжи и сака да менаџира со ресорите во кои е поставен

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе