Претседателката на Европска комисија, Урсула фон дер Лајен, повика на брзи реформи во Унгарија, нагласувајќи дека напредокот е неопходен за деблокирање на милијарди евра замрзнати средства од Европската Унија.
Таа истакна дека временскиот притисок е голем и дека Брисел очекува конкретни резултати од Будимпешта.
Според неа, доколку Унгарија не ги исполни потребните услови до крајот на август, би можела да загуби околу 6,5 милијарди евра од фондот за закрепнување по пандемијата.
Фон дер Лајен додаде дека ЕУ веќе замрзнала вкупно 17 милијарди евра поради загриженост за владеењето на правото во земјата.
Таа порача дека граѓаните на Унгарија „заслужуваат пристап до европските средства“ откако ќе бидат исполнети реформските услови.
Меѓувреме, ЕУ испратила и тим од високи претставници во Будимпешта за да помогне во спроведување на потребните промени.
