Вести Најважни Свет

Трамп оптимист дека ќе има договор со Техеран – тој категорично ја отфрли идејата за ограничувања или патарини од страна на Иран во Ормутскиот теснец

Американскиот претседател Доналд Трамп објави позитивни вести во преговорите со Иран, додека се поставуваа прашања за повторното отворање на Ормутскиот теснец.

  • „Добивме прилично добри вести пред 20 минути, но се чини дека работите на Блискиот Исток со Иран одат многу добро. Ќе знаеме за кратко време. Преговараме во текот на викендот. И како што знаете, ја имаме блокадата, блокадата беше многу успешна. И со еднаков успех беа петте недели пред блокадата. Комбинацијата беше прилично смртоносна, би рекол. Значи, ќе знаеме многу наскоро. Но, разговараме за тоа, очекувам работите да одат добро. Многу од овие работи се преговарани и договорени,“ рече Трамп

Откако го прогласи водниот пат за отворен, Техеран ја задржа контролата врз транзитот и се закани дека повторно ќе го затвори доколку САД продолжат со блокадата на иранските бродови и пристаништа.

На прашањето на новинар што ќе направи ако нема договор кога ќе истече прекинот на огнот следната недела, Трамп рече: „Не знам… Но, можеби нема да го продолжам, па ќе имате блокада и за жал ќе мора повторно да почнеме да фрламе бомби“.

Но, тој им рече и на новинарите што го придружуваа на авионот „Ер Форс Уан“ во Вашингтон дека договор „ќе се случи“ и категорично ја отфрли идејата за ограничувања или патарини од страна на Иран во Ормутскиот теснец.

 

Иранските власти рекоа дека блокадата е прекршување на договорот за прекин на огнот од минатата недела.

теснецот „нема да остане отворен“ ако блокадата продолжи, објави претседателот на иранскиот парламент, Мохамед Багер Калибаф, на X утринава.

Б.С.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Жена приведена во Ресен при обид за кражба

Tea Dimkovska

Вајц: ЕУ не бара менување на идентитетите, потребни се доверба и дијалог меѓу Скопје и Софија

Tea Dimkovska

За реконструкција на Владата Димитриевски смета дека ЗНАМ ќе продолжи и сака да менаџира со ресорите во кои е поставен

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе