Дипломатските напори меѓу САД и Иран наскоро би можеле да резултираат со договор за крај на војната на Блискиот Исток, објави „Ројтерс“, повикувајќи се на извор од Пакистан кој е вклученво посредувањето.
Според изворот, остварен е значителен напредок во задкулисната дипломатија, со што се отвора можност за постигнување на договор наскоро.
„Двете страни начелно се согласуваат. Подоцна ќе следуваат и техничките детали“, изјави пакистанскиот извор под услов на анонимност.
Се наведува дека претстојниот состанок меѓу претставници на САД и Иран би можел да резултира со потпишување на Меморандум за разбирање по што во рок од 60 дена би следувал сеопфатен договор.
Главните несогласувањата се однесуваат за иранската нуклеарна програма. Достапните информации говорат дека САД предложиле 20-годишен Мораториум за суспензија на нуклеарните активности на Техеран чии претставници, пак, заговараат пократок рок од три до пет години.
Иран побарал укинување на меѓународните санкции, додека САД инсистираат на отстранување на високо збогатениот ураниум од земјата.
И два ирански извора наведуваат дека постојат знаци за компромис, при што властите во Техеран ја разгледуваат можноста за испраќање на дел од нуклеарните залихи во странство.
