Вести Свет

Се обидел да шверцува 2.200 мравки – Кинез осуден на затвор во Кенија

Кинескиот државјанин Жанг Кекун е осуден на парична казна од еден милион шилинзи (7.750 долари) и една година затвор поради обид да шверцува 2.200 мравки од Кенија. Строгата казна беше образложена од судијката во судот во Најроби како нужна, поради сè почестите обиди за шверц на мравки од земјата, објави „Си-Ен-Ен“.

Кекун беше уапсен минатиот месец на аеродромот во Најроби, откако во неговиот куфер беа пронајдени над 2.200 живи мравки. Мравките биле наменети за пазарите, како кинескиот, каде ентузијасти ги чуваат во големи проѕирни садови за проучување на нивните структури и однесување.

Фото: printscreen/youtube

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Жена приведена во Ресен при обид за кражба

Tea Dimkovska

Вајц: ЕУ не бара менување на идентитетите, потребни се доверба и дијалог меѓу Скопје и Софија

Tea Dimkovska

За реконструкција на Владата Димитриевски смета дека ЗНАМ ќе продолжи и сака да менаџира со ресорите во кои е поставен

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе