Вести Економија Најважни

Петте најголеми банки во земјава ќе го финансираат крајот на автопатот Кичево – Охрид

Од петте најголеми банки во земјава  државата ќе собере пари за да може да го доврши автопатот Кичево – Охрид, откако кинеската Ексим банка соопшти дека повеќе нема да го финансира.

Се бараат 175 милиони евра. Но, потоа ќе се види дали ќе требаат уште средства или овие ќе бидат доволни.  Министерот за транспорт Николовски иако не ги откри условите под кои ќе бидат земени парите од банките,  тврди дека биле поволни. Заемот ќе оди преку Јавното претпријатие за државни патишта.

Средствата се обезбедени од домашните банки треба да помине владина процедура, уште недела две ни треба целата процедура да ја завршиме и после ќе излеземе со точните услови. Но тие се најповолни што ги има било кое јавно претпријатие до0биено во Македонија. Се работи за петте најголеми банки во Македонија што заеднички ги синдицираат средствата. Се работи за Комерцијална банка. Стопанска банка Скопје, НЛБ, Шпаркасе, Халк банка и на тој начин се обезбедени средствата, изјави министерот за транспорт Александар Николовски 

Пред извесно време од Владата соопштија дека од кинеската Ексим банка ги известиле дека повеќе нема да го финансираат овој автопат, кој почна да се гради уште во 2013 година и се уште не е готов.

Овој пат надежите на надлежните се  дека автопатот ќе биде завршен до крајот на оваа годинава. Неодамна со кинескиот изведувач Синохидро беше потпишан и нов анекс, осми по ред од 186 милиони евра. Па, така целата инвестиција до сега за овој автопат стигна над 780 милиони евра.  Првите километри по автопатот се извозеа лани во јули.  Тој е со должина од 57 километри.

Автопатот беше дел и од ревизијата на ДЗР, и посочен како пример за неуспешен капитален проект.

Ирена Чачкова

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Жена приведена во Ресен при обид за кражба

Tea Dimkovska

Вајц: ЕУ не бара менување на идентитетите, потребни се доверба и дијалог меѓу Скопје и Софија

Tea Dimkovska

За реконструкција на Владата Димитриевски смета дека ЗНАМ ќе продолжи и сака да менаџира со ресорите во кои е поставен

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе