Вести Македонија

Инфраструктурата главна кочница за развојот на Пелагонија

Лошата патна и железничка инфраструктура останува клучен проблем за побрз развој на Пелагонискиот регион, се пожалија стопанствениците на средба со владините претставници. Автопатот Битола – Прилеп се гради и тоа го отежнува транспортот. Патот до граничниот премин „Меџитлија“, иако неодамна е обновен, е тесен и минува низ населено место. Железничката пруга кон Грција е целосно реконструирана од македонска страна, но сè уште не е во функција. Од Регионалната стопанска комора велат дека поради слабата инфраструктура има сериозни пречки за извозот во ЕУ.

„Да се даде побрз акцент на изградбата на автопатот Битола – Прилеп. Потоа, многу е значајно да се изгради автопатот Дреново – Прилеп, како и обиколницата Битола – Ники, кон Грција. Исто така, да се стави во функција пругата Битола – Ники – Солун“, рече Мирко Велковски, претседател на Регионалната стопанска комора Битола.

Вицепремиерот Александар Николоски, пак, уверува дека има засилена инфраструктурни активности во регионот. Најави дека првите километри од автопатот Битола – Прилеп ќе бидат пуштени следната година, а целосно треба да биде готов во 2029 година. Во меѓувреме, комуникацијата ќе се олеснува со меѓуградска железничка линија.

Разговори има и за изградба на автопат на Плетвар. Сепак, нема реални можности за активирање на пругата кон Грција. Николоски вели, проблемот е на грчка страна.

„На нивна страна пругата не е во добра состојба и по несреќата што им се случи пред две години, со голем број жртви, нивниот железнички систем е во криза. Директно беше одговорено дека немаат средства да ја репарираат и во догледно време не се очекува да се отвори“, рече Александар  Николоски, министер за транспорт.

Во Пелагонискиот регион има околу 8.000 активни компании. Тие учествуваат со 13 проценти во БДП.

Емилија Мисирлиевски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Жена приведена во Ресен при обид за кражба

Tea Dimkovska

Вајц: ЕУ не бара менување на идентитетите, потребни се доверба и дијалог меѓу Скопје и Софија

Tea Dimkovska

За реконструкција на Владата Димитриевски смета дека ЗНАМ ќе продолжи и сака да менаџира со ресорите во кои е поставен

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе