Вести Најважни Свет

Маѓар: Нема да учествуваме во кредит на ЕУ за Украина

Лидерот на Тиса, Петер Маѓар, кој победи на парламентарните избори во Унгарија, порача дека новата влада во Будимпешта нема да учествува во кредот на Европската Унија во вредност од 90 милијарди евра за Украина. Европскиот заем за Киев беше блокиран од претходната унгарска влада на чело со Виктор Орбан.

„Ќе преговараме со европските лидери. Се согласувам Унгарија да биде изземена од тоа. Унгарија е во многу тешка финансиска ситуација, задача е да се вратат дома парите што ѝ припаѓаат на Унгарија. Не можеме да си дозволиме сега да земаме нови кредити. Националниот долг на Унгарија е тројно зголемен од 2010 година“, изјави Маѓар по изборната победа.

За евентуално забрзано членство на Украина во ЕУ, Маѓар нагласи оти е невозможно земја која е во војна да биде примена во блокот.

„Значително мнозинство на држави не сметаат дека тоа е можно сценарио. Сите земји кандидати мора да минат низ процес, да преговараат за сите поглавја. Исто така рековме дека ќе организираме референдум во Унгарија за прашањето дали Европската Инија треба да ја прими Украина, но тоа нема да се случи во наредните неколку години, не во наредните 10 години“, изјави Маѓар.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нетанјаху: Нема да дозволам Иран да се вооружи со нуклеарно оружје

Дејан Дејан

СДСМ поднесе 82 амандмани на законите за судска и јавнообвинителска служба по критиките на вработените за предложените решенијата

Дејан Дејан

Уште еден осомничен за злоупотреби во Фудбалската федерација на Македонија, доби притвор

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе