Вести Свет

Либан влегува во преговори со Израел

Либан започнува индиректни разговори со Израел во обид да се постигне прекин на огнот, но владата во земјата има многу ограничено влијание врз клучниот актер – Хезболах.

Претседателот Џозеф Аун, кој дојде на власт по разорната војна, се залага за државен монопол врз оружјето, но признава дека разоружувањето не може да се наметне со сила без ризик од нова граѓанска војна.

Хезболах, создаден во 1980-тите со поддршка од Иран, останува најмоќната воена и политичка сила во земјата.

И покрај меѓународните повици и договори групата никогаш не се разоружа.

Нејзиниот лидер Наим Касем отфрла каква било дебата за предавање на оружјето, нагласувајќи дека „трпението има граници“ поради континуираните израелски напади.

Аналитичарите оценуваат дека либанската влада „нема што да понуди“ во преговорите, бидејќи не може да гарантира клучен услов – разоружување на Хезболах.

Меѓувреме, конфликтот продолжува да ја влошува хуманитарната состојба и да ја продлабочува политичката криза.

Со оглед на влијанието на Техеран врз групата, одлуките за иднината на Хезболах најверојатно ќе се носат надвор од Бејрут, што дополнително ги намалува шансите за трајно решение.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нетанјаху: Нема да дозволам Иран да се вооружи со нуклеарно оружје

Дејан Дејан

СДСМ поднесе 82 амандмани на законите за судска и јавнообвинителска служба по критиките на вработените за предложените решенијата

Дејан Дејан

Уште еден осомничен за злоупотреби во Фудбалската федерација на Македонија, доби притвор

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе