Вести Свет Топ вести

Сенаторот Марк Кели смета дека Трамп им дал на Иранците стратешка предност поради непоседување на американска страгија за војната

Американскиот сенатор Марк Кели кој доаѓа од редот на Демократите изјави дека претседателот Доналд Трамп е „единствено одговорен“ за затворањето на Ормускиот теснец, оценувајќи дека влегол во конфликтот со Иран без јасна стратегија, план или излезна опција.

Говорејќи на годишната конвенција на Националната акциска мрежа во Њујорк, Кели истакна дека администрацијата на Трамп започнала воени активности без прецизно дефинирана цел, поради што, како што рече, САД се соочуваат со сложена ситуација без јасен пат за излез.

„Тој влезе во ова без јасно утврдена стратегиска цел, без план, без временска рамка и без стратегија за излез. Поради тоа, сега се наоѓаме во ситуација како да се извлечеме од ова“, изјави Кели.

Сенаторот предупреди дека со ваквиот пристап, Иран добил долгорочна стратешка предност, која може да ја користи на штета на САД, посочувајќи дека затворањето на Ормускиот теснец претставува клучен адут во конфликтот.

Тој дополнително оцени дека Трамп ги оттурнал сојузниците, како во регионот, така и во Европа, бидејќи не биле консултирани пред започнувањето на воените дејствија.

„Прво ги игнорираше, а потоа бара од нив помош. Тоа не е начин на кој се гради сојузништво“, рече Кели, додавајќи дека идната администрација ќе мора повторно да ги обнови односите со НАТО и регионалните партнери.

Во меѓувреме, САД и Иран започнаа директни разговори во Пакистан, неколку дена по објавувањето на кревко двонеделно примирје, во обид да се стави крај на конфликтот кој трае веќе седум недели и предизвика илјадници жртви и потреси на глобалните пазари.

Американската делегација ја предводи потпретседателот Џеј Ди Венс, додека иранската страна е претставена од претседателот на парламентот Мохамад Багер Калибаф. На разговорите учествуваат и специјалниот пратеник Стив Виткоф и Џаред Кушнер.

Ормускиот теснец, преку кој вообичаено минува околу една петтина од светската трговија со нафта, стана клучна точка на спорот. Од повеќе од 100 бродови дневно пред конфликтот, сега транзитот е драстично намален.

Претседателот Трамп изјави дека САД започнале со „расчистување“ на теснецот, но не е јасно дали се мисли на отстранување мини или на поширока контрола врз оваа стратешка рута.

Т.Д.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нетанјаху: Нема да дозволам Иран да се вооружи со нуклеарно оружје

Дејан Дејан

СДСМ поднесе 82 амандмани на законите за судска и јавнообвинителска служба по критиките на вработените за предложените решенијата

Дејан Дејан

Уште еден осомничен за злоупотреби во Фудбалската федерација на Македонија, доби притвор

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе