Вести Економија Македонија Топ вести

Извештајот на пазарните инспектори ќе биде основа за нови мерки против поскапувањата

Дали по Велигден ќе има нови мерки против поскапувањата, како намалување на ДДВ и ограничување на профитната маржа на трговците ќе се знае откако на владината седница во вторник ќе се разгледа извештајот на пазарните инспектори кој се изработува на барање на премиерот.

Врз основа на таа анализа ќе биде познато дали има разлика во цените на основните прехранбени производи, односно дали и колку тие поскапеле на почетокот на април, споредено со февруари годинава.

На следната владина седница ќе имаме извештај и компаративна анализа и ќе резгираме врз основа на неа. Сега за сега остануваат  мерките со намалување на ДДВ за бензините и дизел горивата да биде од 18 на 10 проценти и одлуката за усогласување на акцизите, со која РКЕ може да постапува, изјави Мицкоски.

Премиерот денеска најави дека очекува на следната седница на Регулаторната комисија за енергетика да се донесе одлука со која цената на дизелот ќе се намали за 2 ипол денари, а на бензините Еуросупер 95 и Еуросупер 98 за 1 ипол денар.

Повтори и дека дека државава има доволни количини да го амортизира притисокот од соседството, со што потрошувачката во пограничните места е зголемена и за 30 проценти.

Од СДСМ реагираа дека, наместо да  објавува мерки за намалување на цените и заштита на животниот стандард, чита цени на горивата – кои ги утврдува Регулаторната комисија за енергетика.

Македонскиот Далај Лама повторно излезе со празен, холистички и филозофски настап – без резултати да чита цени на горива од владината говорница.  Каков дилетант. Веќе 45 дена цените се на високо ниво, без ниту една сериозна интервенција од владата. Нема мерки, нема план, нема грижа за граѓаните.Велигденската трпеза оваа година е полупразна, затоа што е најскапа досег, обвинија од СДСМ.

Опозицијата и власта  со денови се со спротивставени ставови околу потребните мерки за заштита на стандардот на граѓаните.

Далиборка Демјанска Цветановска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Кармина Бурана“ е почеток на долга соработка – рекоа од македонската, софиската филхармонија и грчкиот оркестар пред вечерашниот настап

Дејан Дејан

Парада на гордоста во Скопје: Протест против молкот и лажното прифаќање

Дејан Дејан

СДСМ: Чекањето на границите со ЕУ е огледало на политиката на Мицкоски

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе