Вести Најважни Свет

Трамп: Иран е вклучен во „краткорочна уцена“- Венс во Пакистан на преговори, Стармер бара вклучување на соседите на Иран

Иран е вклучен во „краткорочна уцена“ на земјите да поминат низ Ормускиот теснец; нема други „карти“, рече американскиот претседател Доналд Трамп на Truth Social. „Единствената причина зошто тие се живи денес е затоа што преговараат!“, додаде тој.

Владите на САД и Иран се согласија на двонеделен прекин на огнот на 8 април. Разговорите се закажани да продолжат во Пакистан, каде е веќе потпретседателот на САД Венс. Пред да полета на новинарите им рече дека очекува позитивни преговори, но додаде дека „ако Иранците се обидат да ги изиграат, тогаш ќе откријат дека преговарачкиот тим не е толку приемчив.“

  • Слушајте, со нетрпение ги очекуваме преговорите. Мислам дека ќе бидат позитивни. Секако ќе видиме. Како што рече претседателот на Соединетите Американски Држави, ако Иранците се подготвени да преговараат со добра волја, ние сигурно сме подготвени да им подадеме рака. Ако се обидат да не изиграат, тогаш ќе откријат дека преговарачкиот тим не е толку приемчив. Затоа ќе се обидеме да имаме позитивни преговори. Претседателот ни даде некои прилично јасни упатства и ќе видиме. Па се надевам дека имате безбеден лет. Секако ќе одговориме на некои прашања подоцна- Џ.Д. Венс, потпретседател на САД.

Двете страни се обвинија меѓусебно за кршење на прелиминарните договори. Трамп претходно го обвини Иран за кршење на условите на прекинот на огнот. Тој рече дека собирањето такси од страна на Иран од танкерите што минуваат низ Ормускиот теснец е неприфатливо. Иран, пак го суспендираше транзитот на танкери низ теснецот по израелските напади на либанска територија.

  • „САД не успеаја да спроведат две клаузули од договорот за прекин на огнот што требаше да се спроведат пред почетокот на разговорите во Пакистан“, напиша на Х претседателот на иранскиот парламент Мохамед Багер Галибаф – тоа е прекин на огнот во Либан и одмрзнување на иранските средства пред почетокот на разговорите.

Галибаф истакна дека сите клаузули од прелиминарниот договор за прекин на огнот требало да се спроведат пред почетокот на разговорите во Исламабад.

Британскиот премиер Кир Стармер која е во посетата на Персискиот Залив, денеска разговараше со високи катарски функционери и нарекувајќи го примирјето „кревко“ дека за решение на состојбата со Ормутскиот теснец е потребна повеќе работа и вклученост на соседите на Иран.

  • Имав разговор со претседателот Трамп синоќа и му ги изложив ставовите за регионот овде. Овие земји од Персискиот Залив се соседи на Иран и затоа, ако прекинот на огнот треба да се одржи, како што се надеваме, мора да бидат вклучени. Тие имаат многу силни ставови за Ормутскиот теснец. Поголемиот дел од времето на повикот го поминавме разговарајќи за практичниот план што ќе биде потребен за да се добие навигација низ теснецот“ – Кир Стармер, британски премиер.

Трамп во интервју за The New York Post изјави дека Иран тајно ветил дека ќе се откаже од целото нуклеарно оружје, но јавно продолжува да зборува за своето право да збогатува ураниум.

Според „Њујорк пост“, разговорите во Исламабад ќе се фокусираат на барањата на САД за предавање на приближно 450 кг високо збогатен ураниум, целосно отворање на Ормутскиот теснец за меѓународен превоз, прекин на поддршката за регионалните групи и демонтирање на неговата програма за балистички ракети. Иран, од своја страна, бара укинување на санкциите на САД..

Билјана Ставрова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нетанјаху: Нема да дозволам Иран да се вооружи со нуклеарно оружје

Дејан Дејан

СДСМ поднесе 82 амандмани на законите за судска и јавнообвинителска служба по критиките на вработените за предложените решенијата

Дејан Дејан

Уште еден осомничен за злоупотреби во Фудбалската федерација на Македонија, доби притвор

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе