Само одреден број на стотина ученици во Тетово ќе добијат „психолошка поддршка“ од невладина организација за што од општинскиот буџет на градот ќе добијат 13 илјади евра за една година.
Оваа одлука претставува селективност како и трошење на општинскиот буџет без одговорност и без долготрајни решенија, критикуваат од партијата Левица. Нивниот советник при усвојувањето на оваа одлука побара одговор дали ваквиот пристап обезбедува еднаков третман и вистинска системска грижа за сите млади во општината
– Во нашите училишта веќе постојат, психолози, педагози, како што кажа, зошто нив да не ги искористиме.Наместо да ги зајакнеме тие институции, ние создаваме паралелен систем преку проект кој има време карактери од ограничен досег. Дополнително со програмата се предвидува средства и за кирија.Иако ваквите активности можат да се реализираат во самите училишта, вели Боби Илиевски-советник во Совет на Општина Тетово.
Градоначалникот Касами вели дека проблемот е комплексен па смета дека е оправдано на овој начин да се одвојуват општински пари.
– Немаме разбирање од Министерството за образование за да се комплетира професионалниот кадар во училиштата. Значи имаме недостаток на професионален кадар, педагози, психолози, дефектолози, плус да додадам дека и во рамките на секторот, веќе правиме програма за контрола и следење на работата на училишните педагози и психолози. Дали и тие ја вршат својата работа затоа што за жал е увидено дека досега и тие не ја вршеа работата. Имаме ситуации во училишта каде психологот со месеци нели отсуствува од работа, изјави градоначалникот Биљал Касами.
Ангажманот на невладината организација предвидува превентивна психолошката поддршка на 120 до 150 ученици со цел нивна емоционална и социјална благосостојба.
Александар Самарџиев
