Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека американските сили ќе останат распоредени во регионот сè додека Иран целосно не ги исполни условите од, како што го нарече, „вистинскиот“ договор за прекин на огнот.
Според него, Техеран одамна се согласил да се откаже од нуклеарното оружје и да го отвори теснецот Ормус, но двете страни и натаму имаат несогласувања околу конкретните услови.
Меѓувреме, генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, предупреди дека продолжените борби во Либан претставуваат сериозен ризик за кревкиот двонеделен прекин на огнот.
Движењето Хезболах соопшти дека истрелало ракети кон Израел, како одговор на израелски напади.
Дополнително, Иран се закани дека ќе таргетира бродови што минуваат низ теснецот без дозвола… Ситуацијата останува нестабилна, а новите напади отвораат прашања за одржливоста на прекинот на огнот во поширокиот регион.
