Цените на суровата нафтата паднаа по објавата на американскиот претседател Доналд Трамп дека САД се согласиле на двонеделен прекин на огнот со Иран.
Референтна цена на нафтата Брент за идна испорака падна за 16 проценти на околу 92 долари за барел. Сепак, тоа е сè уште далеку над нивото од околу 73 долари на кое беше непосредно пред почетокот на конфликтот кон крајот на февруари. Американската референтна сурова нафта WTI падна за 19 проценти на околу 92 долари за барел.
Трамп јасно стави до знаење дека договорот е условен од тоа Иран да дозволи „целосно“ повторно отворање на Ормутскиот теснец.
