Вести Македонија

Нејнски: Македонската Влада прави обиди за да го заобиколи францускиот предлог

Секакви обиди се прават од страна на сегашната влада во Република Северна Македонија да го заобиколи европскиот консензус, да започне повторно преговарање“, изјави вршителката на должноста министерка за надворешни работи на Бугарија, Надежда Нејнски во интервју за БНТ.

Според неа, „сите обиди се насочени кон сопствените граѓани, чие време навистина се губи со вакви политички игри, наместо да се почитува она што веќе е договорено.

Тврдат дека Бугарија постојано ги ескалира своите барања. Такво нешто не постои. И сите добронамерни набљудувачи го знаат ова. Бугарија едноставно сака да ги заштити луѓето што имаат бугарски идентитет, сака да биде сигурна дека има сосед со кого може да има нормални политички, економски и културни односи, вели таа.

Ние го направивме она што требаше да го направиме во моментов“, кажала Нејнски за „БНТ“, додавајќи дека конструктивната позиција на Бугарија е диктирана од фактот дека ова сега е европско прашање, а не билатерално прашање, додава Нејнски.

Таа во интревјуто потенцира дека фактот е тоа што ова не е билатерално прашање меѓу Бугарија и Македонија.

-Ова е веќе прашање меѓу Република Северна Македонија, која сака да започне членство во Европската Унија и самата Европска Унија. Нормално е земја-кандидат да се придржува кон овој европски консензус, кој вклучува прекин на говорот на омраза и вклучување на бугарското малцинство, заедно со другите малцинства, во Уставот на Македонија, кажа в.д. министерката.

Според Нејнски, како што вели, агресијата врз бугарските граѓани во Македонија уште еднаш покажува колку е важно „вклучувањето на Бугарите во македонскиот Устав и прекин на говорот на омраза.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нетанјаху: Нема да дозволам Иран да се вооружи со нуклеарно оружје

Дејан Дејан

СДСМ поднесе 82 амандмани на законите за судска и јавнообвинителска служба по критиките на вработените за предложените решенијата

Дејан Дејан

Уште еден осомничен за злоупотреби во Фудбалската федерација на Македонија, доби притвор

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе