Вести Македонија Најважни

Сите судии изземени во Битола, предметот за РЕК и Марковски оди во судот во  Струга

Предметот за злоупотребите со јавни набавки во РЕК Битола и Марковски компани се сели во Основниот суд Струга, откако сите 11 судии од  битолскиот Основен суд  беа изземени од постапување, вклучително и претседателката на судот Татјана Петровска, поради претходно учество во постапката.

Битолска Апелација одлучи Основниот суд во Струга  да постапува по предметот кој првично се водеше  во Битола, но судот остана  без можност да формира судечки совет.

  • „Основниот суд Битола по изземање на сите судии  спречен е да постапува по кривичниот  предмет, поради што  претседателот на судот побара делегирање на предметот на друг стварно надлежен суд“ соопштија  од Апелациониот суд во Битола.

Апелациониот суд оцени дека Основниот суд Струга, како суд со проширена надлежност, има доволно судии и капацитети да постапува по предметот. Од Основниот суд Битола соопштија дека списите ќе бидат доставени во Струга.

Битолското обвинителство во јануари поднесе обвинение против осум физички и едно правно лице за тендер во РЕК Битола од 2023 година вреден околу 1,7 милиони евра.

Според обвинението, раководни лица во комбинатот ја фаворизирале „Марковски компани“, овозможувајќи ѝ да биде единствен понудувач, а потоа  биле доставувани невистинити документи врз основа на кои се вршеле исплати.

На првообвинетиот Борче Марковски во јануари му беше укинат притворот со гаранција од 5 милиони евра и му беа определени мерки на претпазливост.

По медиумските објави, Судскиот совет изрази загриженост за постапувањето на дел од судиите во Основниот суд Битола, посочувајќи можни пропусти.

Емилија Мисирлиевски

Б.С.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нетанјаху: Нема да дозволам Иран да се вооружи со нуклеарно оружје

Дејан Дејан

СДСМ поднесе 82 амандмани на законите за судска и јавнообвинителска служба по критиките на вработените за предложените решенијата

Дејан Дејан

Уште еден осомничен за злоупотреби во Фудбалската федерација на Македонија, доби притвор

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе