Вести Македонија

Законот за високо образование влегува во владина процедура, но од независниот академски синдикат остро реагираат и не го прифаќаат

Пакетот од три закони за високо образование е финализиран и утре оди во Владата, а по велигденските празници ќе влезе во владина процедура. Од Независниот академски синдикат предупредуваат дека со тоа се уназадува високото образование и се намалува автономијата на универзитетите. Според нив, државата добива преголема моќ – од одлуки за спојување или укинување на универзитетите, до вработувањата, што отвора простор за политички влијанија и притисоци.

„МОН може да изврши статусни промени на постојните јавни универзитети и нивните единици, при што може да ги згасне, трансформира или соедини со други, без нивна согласност и наведени критериуми, што претставува суштинско загрозување на автономијата на универзитетот. Дали ќе има вработување на универзитетите и натаму ќе зависи од политиката. Не е прифатено долгогодишното барање за вработувањето лица на „испразнети“ работни места, за кои веќе биле обезбедени финансиски средства, да се реализира без да се бара нова согласност за вработување од МОН“, реагираат од Независниот академски синдикат (НАкС). 

Од Министерството за образование и наука велат дека законот бил предмет на јавни дебати на сите универзитети и дел од забелешките се прифатени.

„Претставници на Независниот академски синдикат присуствуваа и на јавните дебати. Барањата се познати и дел од нив прифатени. Освен технички корекции, посочуваме неколку поважни: прифатено е намалување на бројот на трудови потребни за втор и трет циклус студии, прифатено е барањето на наставниците од општествено-хуманистичките науки базата Scopus да биде релевантна за бодување, без исклучување на Web of Science, а дополнително и Националниот совет за високо образование да креира нова база на списанија за бодување при изборите во звања. Намален е еден член од Владата да учествува во работата на Советот на универзитетот“, објаснуваат од Министерство за образование и наука.

Предлог законот ќе го разгледаат од Секретаријат за законодавство и други министерства и институции, по што откако ќе го усвои Владата, ќе биде пуштен во собраниска процедура каде пратениците ќе имаат можност за интервенции.

Тамара Марковска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Најголема заплаена на дрога во Австралија од 2,7 тони

Дејан Дејан

„Охрабрувачки напредок“ во разговорите меѓу делегациите на САД и Иран во Швајцаријa

Дејан Дејан

Нетанјаху: Нема да дозволам Иран да се вооружи со нуклеарно оружје

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе