Вести Македонија Најважни

Училиштен психолог од Битола осомничен за детска порнографија

По вчерашните претреси на различни локации во повеќе градови во Македонија, обвинителството денеска отвори истрага за производство и дистрибуција на детска порнографија против еден битолчанец, вработен во основно училиште. Судот му одреди притвор.

„Осомничениот 31-годишник, кој бил инаку вработен во образовна установа, во периодот од април 2024 година до 01.04.2026 година на компјутерските уреди и опрема кои ги користел дома, набавувал за себе и поседувал материјали со детска порнографија“, соопшти обвинителството.

Опозицискиот СДСМ веќе објави дека осомничениот има фотографии со премиерот Христијан Мицкоски и со сертификати од владејачката ВМРО-ДПМНЕ и праша какво друштво има Мицкоски.

Претресите се спроведени по известување од австралиската федерална полиција која открила веб страници одговорни за дистрибуција на слики и видеа кои содржат материјали од злоупотреба на деца. Австралиските служби откриле ИП адреси на корисници кои се обиделе да пристапат до веб-страниците. Дел од тие адреси биле од Македонија за што ги известиле македонските надлежни органи.

Меѓу локациите што вчера беа претресувани бил и домот на Борче Костески во Струга, претседател на пробугарското здружение „Струмичка петорка“, регистрирано во Струга и водител на интернет подкастот „Почетна пресметка“ на Канал Б2. Со објава на социјалните мрежи, Костески синоќа негираше дека бил уапсен или дека му бил одземен пасошот. Негира каква било вмешаност со детска порнографија и ги оквалификува претресите како обид за замолчување.

„Тоа што се случи денеска во мојот дом е таква смислена хајка за медиумот Б2 Канал да згасне“, рече Костески.

Обвинителството соопшти дека се преземаат дејствија на проверки и во Скопје и во други градови, со цел детална проверка на сите добиени сознанија.

Срѓан Стојанчов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Протест во Студеничани – стоп за камионите кои натоварени со руда го оштетија локалниот пат

Дејан Дејан

Сопругата ја удирал со тупаници и со нож се заканувал на мајка му – обвинителството бара насилникот да оди во притвор

Дејан Дејан

Високи се цените во маркeтите – велат граѓаните и очекуваат по горивата да поевтини и храната

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе