Вести Најважни Свет

Макрон повикува „средно големи сили“ на Сојуз против САД: Не сакаме да бидеме вазали на две хегемони сили

Францускиот претседател Емануел Макрон ги повика т.н. „средно големи сили“ да се здружат и спротивстават на САД и Кина, објави Блумберг. Макрон ја испрати порака за време на неговата посета на Азија, каде разговараше за сигурна пловидба низ Ормускиот теснец, како и јакнење на соработката со Јужна Кореја и со Јапонија.

„Наша цел не е да бидеме вазали на две хегемони сили. Не сакаме да зависиме од доминацијата, да речеме на Кина, ниту сакаме да бидеме премногу изложени на непредвидливоста на САД“, рече Макрон пред студенти во Сеул.

Францускиот претседател додаде дека европските држави делат заеднички вредности со земји како Јужна Кореја и Јапонија по прашањата на меѓународното право, демократијата, климатските промени и глобалното здравје.

Макрон наведе дека гледа и други земји како дел од таквиот сојуз, како Австралија, Бразил, Индија и Канада. Заедно, тврди тој, таа група може да соработува во областите вештачка интелигенција, вселена, енергија, нуклеарна енергија, одбрана, безбедност…

Макрон веќе долго заговара идеја дека Европа да биде противтежа на САД и на Кина. Наведе дека Франција не била консултирана за војната на Блискиот Исток и дека не учествува во неа.

„САД се голема земја“, истакна Макрон, но истовремено предупреди дека нивниот пристап носи ризик од отворање на „Пандорината кутија“.

„Не верувам дека ќе решиме ситуација само со бомбардирање или воени операции“, додаде францускиот претседател, алудирајќи на Иран, пришто како примери ги наведе Ирак, Сирија и Авганистан со порака „никогаш не успеваме“.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Протест во Студеничани – стоп за камионите кои натоварени со руда го оштетија локалниот пат

Дејан Дејан

Сопругата ја удирал со тупаници и со нож се заканувал на мајка му – обвинителството бара насилникот да оди во притвор

Дејан Дејан

Високи се цените во маркeтите – велат граѓаните и очекуваат по горивата да поевтини и храната

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе