Вести Македонија Најважни

Кој добива, а кој губи со заминувањето на Ристоска?

Обвинителката Ленче Ристоска си заминува, а зад себе крена прашина и реакации. Додека Ристоска се пакува од канцеларијата, нејзината оставка треба да ја потврди Советот на јавни обвинители.

Изјавата што обвинителката Ленче Ристоска ја даде уште во 2023 година за Советот на јавните обвинители  уште тогаш го привлече нивното незадоволството па  Советот почна и постапка пред етички кодекс која немаше исход. Истата година не доби унапредување поради нејзината младост и породилното отсуство, но докажа дека тоа е дискриминација.

Нејзините критички изјави за правосудството и претходно и потоа ги брануваа центрите на моќ, но жестоките реакции кон неа кулминираа последната година, кога наместо нејзиното име да патува во Стразбур, заврши на поништена листа, нејзината кандидатура за државен обвинител премиерот пред време беше отпишана, а вербалните напади зачестија.

Оставката на Ристоска говори за системот кој ја натерал на вакво нешто, вели професорот по уставно право, Денис Прешова. Нејзината  борба во изминатиот период, многу пред доаѓањето на оваа власт, ја гледа низ призма на поттикнување и некој друг од редовите на обвинителството и правосудството, да најде за соодветно да крене глас и да покаже интегритет, бидејќи поединецот не го менува системот, особено ако не е на некоја повисока, раководна функција, но тоа можеби можат да го сторат група на поединци која ќе биде доволно влијателна и истрајна во намерата да се обезбеди критична маса која веќе нема да дозволува влијанија и притисок и ќе застане на страната на правото и правдата вели Прешова.

„Во систем кој се „колне“ во самостојност и автономија, особено кога треба да се бараат пари, а нема да се најде ниту еден јавно да реагира на сите случувања, дали се тоа директно надредениот или надредените, здружението на обвинители, или Советот на јавните обвинители, не можете ништо друго да очекувате освен послушност и кооперативност со политиката и центрите на моќ. Сето ова директно оди на штета на државните интереси, оние интереси за кои положиле заклетва дека ќе ги штитат“, изјави Денис Прешова, професор на Правниот факултет „Јустинијан Први”.

Ристоска вчера посочи дека низ годините се соочила со многу опструкции, затоа што високо профилните предмети значат и високо профилни непријатлеи. Деновиве ги изгуби последните такви предмети „Талир 1“ и „Талир 2“, каде ВМРО-ДПМНЕ е засегната.

Новиот државен обвинител донесе одлука да ги повлече, речиси, сите овластувања со кои обвинителите работеа на предмети што не се од нивните матични обвинителства. Во оставката ја посочи и одлуката на Советот на јавни обвинители кој утврди дека премиерот не ѝ ја загрозил самостојноста.

Елена Ивановска Мукоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Протест во Студеничани – стоп за камионите кои натоварени со руда го оштетија локалниот пат

Дејан Дејан

Сопругата ја удирал со тупаници и со нож се заканувал на мајка му – обвинителството бара насилникот да оди во притвор

Дејан Дејан

Високи се цените во маркeтите – велат граѓаните и очекуваат по горивата да поевтини и храната

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе