Вести Економија Македонија Топ вести

Нови правила за возење и работа од дома – Енергетика анализира кои од препораките за штедење се применливи кај нас

Ќе има ли повторно возење пар-непар како во 90-тите години? – Од Министерството за енергетика ги разгледуваат насоките за штедење кои ги презентираа од Меѓународната агенција за енергија. Станува збор за пакет од неколку препораки кои, според надлежните во земјава, во моментов не секоја може да биде дел од македонската реалност.

„Секакo дека ние ги следиме и од Националната агенција за енергетика ги пратиме. Таму има неколку препораки кои ние моментално ги преведуваме за да бидат официјални и на нашата веб страница. Ќе видиме кои ќе се имплементираат, бидејќи има работа од дома која што за некои од државна администрација тоа законски не е возможно, а има и за користење на јавен превоз, а тоа го нема насекаде во државата. Ќе видиме каде можат да се употребат кај нас“, изјави министерката за енергетика, Сања Божиновска.

Препораки на Меѓународната агенција за енергија

  • Работа од дома, секогаш кога е можно
  • зголемување на употребата на јавен превоз
  • систем на парни-непарни возила
  • намалување на брзината на автопатите

Ова се само дел од препораките кои ги даде агенцијата, а комесарот за енергетика на ЕУ, пак, ги повика членките да ги следат.

Овој потег на агенција дојде откако значително порасна цената на нафтата поради случувањата на Блискиот Исток. Но, поскапеа и другите енергенси, меѓу кои и мазутот. Го користи ЕСМ при производство на струја. Во државните резерви на нафта, пак, во моментов има околу 5.000 тони. Во мај планот е да се обновуваат.

„Во контакт сме со ЕСМ. Пратиме и следиме секако веднаш ќе свикаме, не мора да е редовна седница може и на вонредна, и ќе дадеме уште дополнителни резерви на мазут. Со тоа што агенцијата си има планирано во мај да снабдува со нови количини“, додава Божиновска. 

Од ЕСМ во моментов имаат на располагање од државните резерви околу 3.000 тони мазут од претходната енергетска криза. Досега ги немаат повлечено. Од компанијата тврдат дека сè уште доставувачот од Грција прави испорака по направениот договор.  За да земат, пак, дополнителни количини од резервите треба да се прогласи и кризна состојба на пазарот со струја. Премиерот вчера кажа дека засега нема потреба.

Ирена Чачкова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Кармина Бурана“ е почеток на долга соработка – рекоа од македонската, софиската филхармонија и грчкиот оркестар пред вечерашниот настап

Дејан Дејан

Парада на гордоста во Скопје: Протест против молкот и лажното прифаќање

Дејан Дејан

СДСМ: Чекањето на границите со ЕУ е огледало на политиката на Мицкоски

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе