Вести Свет

Повеќето Американци сметаат дека воената акција на САД против Иран отишла предалеку

Повеќето Американци сметаат дека неодамнешната воена акција на САД против Иран отишла предалеку. Според анкетата на новинската агенција „Асошиејтед Прес-НОРЦ“ многумина од граѓаните се загрижени за новиот скок на цените на бензинот на американскиот пазар.

Војната што ја започна САД и Израел влезе во четвртата недела, а според направените анкети рејтингот на Трамп останува стабилен. Сепак од друга страна, ако војната продолжи истиот може да се намали, поради можните видливи трошоци за живот на американските граѓани.

Иако Трамп распоредува повеќе воени бродови и војници на Блискиот Исток, околу 59% од Американците велат дека американската воена акција во Иран ја преминала границата. Во меѓувреме, 45% се „екстремно“ или „многу“ загрижени за тоа дали ќе можат да си дозволат бензин во следните неколку месеци. За потстетување, Трамп по неговата победа, вети дека ќе ја подобри економијата на земјата, и ќе ги намали трошоците за живот.

Од друга страна, постои значителна поддршка за барем една од целите на претседателот, а тоа е спречување на Иран да се здобие со нуклеарно оружје. Околу две третини од Американците велат дека тоа треба да биде „исклучително“ или „многу“ важна цел на надворешната политика за САД. Сепак, слична е бројката со оние испитаници кои сметаат дека е важно да се спречи зголемувањето на цените на американската нафта и гас.

Околу 4 од 10 возрасни Американци продолжуваат да го одобруваат претседателството на Трамп, став кој е ист како и минатиот месец. Неговото дејствување на надворешен план е пониско оценето, сепак според целокупната оценка останува стабилно.

Трамп не ги открива своите следни чекори поврзани со Иран. И покрај ескалацијата на заканите, тој  посочи дека дипломатските разговори би можеле да ја запрат војната. Испитаните Американците  во голема мера остануваат загрижени за способноста на американскиот претседател при донесувањето на правилни одлуки за употребата на воена сила надвор од САД. Повеќето од нив се спротивставуваат на досегашните и можни поагресивни чекори, како што е распоредувањето на копнени сили.

Војната дополнително ги заостри и политичките дебати за улогата што Израел треба да ја игра во надворешната политика на САД, особено откако израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху беше водечки глас за напад врз Иран. Само 4 од 10 возрасни Американци сметаат дека спречувањето на Иран како закана на Израел треба да биде висок приоритет. Соборувањето на иранските лидери се смета за помалку важно. Само околу 3 од 10 велат дека е барем „многу“ важно за САД да ја заменат иранската влада со таква што е попријателска кон американските интереси.

Околу половина од возрасните во САД имаат „само мала“ или „воопшто никаква доверба“ во Трамп кога станува збор за донесување правилни одлуки за употреба на воена сила надвор од САД, што е во согласност со претходната анкета на „Асошиејтед Прес-НОРЦ“ од февруари. Околу 34% од возрасните во САД го одобруваат начинот на кој Трамп ја води надворешната политика, слично на 36% во февруари. Овој став е конзистент во последните неколку месеци и покрај низата дејствија, вклучувајќи ги конфронтациите околу Гренланд и нападот врз Венецуела, кои предизвикаа контроверзии во амерканстото општество, но и надвор од неговите граници.

Т.Д.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мицкоски ги информирал партнерите на НАТО за дипломатската нота објавена од Бугарија

Дејан Дејан

(видео)Oдделот за имунологија на Детската клиника нема да функционира – пациентите ќе се препраќаат на други оддели

Дејан Дејан

Привремен прекин на системот „МојДДВ“ поради техничка надградба

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе