Вести Економија Македонија Најважни

Одлуката за прогласување на кризна состојба е објавена во „Службен весник“

Одлуката за прогласување на кризна состојба на целата територија на државата е објавена во Службен весник, со што таа стапи на сила.

Одлуката беше донесена на вчерашната вонредна владина седница, а поради „можност за  настанување на пореметување на снабдување со нафта и нафтени деривати на територијата на целата држава“. Според документот од седницата, ваквата состојба ќе трае 30 дена.

Ова се прави за да може полесно да се спроведуваат  мерки кои би биле неопходни за да се санираат штетите од состојбата на Блискиот исток. Исто така со одлуката се активира Главниот штаб при Центарот за управување со кризи кои ќе биде во постојано заседавање за следење на мерките.

Се задолжуваат и органите на државната управа да преземат активности за надминување на последиците.

Владата во рамки на кризната состојба предлага мерка за намалување на ДДВ од 18 на 10 проценти  за горивата.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Наследникот на балансерот пред пратениците – Почна дебатата за Закон за соодветна и правична застапеност

Дејан Дејан

ЕСЧП: Оправдано поништените помилувањата на Иванов- биле без валидна законска основа

Дејан Дејан

Реформската агенда во фокус: Власта уверува дека има напредок, опозицијата алармира за застој и изолација

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе