Вести Свет Топ вести

Израелската армија изврши воени операции во јужен Либан

Израелската армија соопшти дека започнала со операции во јужен Либан. Испратени се дополнителни копнени трупи во Либан за она што го нарекуваат  „ограничена и насочена операција против терористичката инфраструктура на Хезболах во јужен Либан“.

Масовни експлозии се слушнаа во главниот град Бејрут. Според тамошните власти и новински агенции најмалку седум лица се убиени во израелските воздушни напади.

Израелската армија извести дека „војниците дејствуваат во евакуирани области што ги користеле терористите на Хезболах за да ја искористат цивилната инфраструктура за терористички активности“. За време на активноста, војниците пронашле оружје.

Хезболах почна да испукува ракети кон северен Израел по американско-израелскиот напад врз Иран на 28 февруари, а потоа Израелската армија издаде наредби за евакуација за многу населби во Бејрут, како и во јужен Либан.

Израелските напади раселија повеќе од 800.000 Либанци од големи делови од јужниот регион на земјата и јужните предградија на нејзиниот главен град, а околу 850 луѓе се убиени во Либан. Постојат стравувања дека Израел подготвува голема инвазија во Либан.

Т.Д.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Два силни земјотреси со јачина од 7.5 и 7.2 степени ја погодија Венецуела

Дејан Дејан

ЕУ до 2029 година ќе воведе дигитално евро

Sasko Dimovski

Франција втор ден по ред го регистрира најжешкиот ден во историјата

Igor Trajkov

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе