Вести Македонија Топ вести

Дали повредените од „Пулс“ ќе плаќаат партиципација?

По една година од страотниот пожар во „Пулс“, здравствените власти дури сега ги ослободија повредените од плаќање партиципација за здравствените услуги. Одлуката на фондот е објавена пред четири дена, но прашање е дали клиниките и болниците ја применуваат. Иако мерката е во сила, министерот Азир Алиу денеска внесе забуна со изјавата дека работната група бара начин како да им го тргне овој товар на пациентите. На прашањето дали државата ќе им ги врати парите што досега ги потрошиле за партиципација, одговор немаше.

„Партиципација е законска надлежност за да може на секоја институција да се плати за секој пациент. Разговараме со работната група да најдеме начин како тоа да влезе во некоја од постојните програми што ги имаме. Таа партиципација, колку и да е мала, треба да се отстрани со цел да може таа комуникација меѓу институциите и семејствата или граѓаните кои имаат некаков тип на барање на третман да можат да не плаќаат партиципација“, изјави Азир Алиу, министер за здравство.

Од друга страна, раководството на болницата во Кочани уверува дека хипербаричната капсула никогаш не била надвор од функција, но повредените од „Пулс“ одбиваат да ја користат.

„Ако се работи за повредените во пожарот во дискотеката „Пулс“, тие ги прават третманите во хипербарна капсула во Штип и во „8 Септември“. Тука капсулата им беше понудена, но тие ја одбија поради панични напади“, рече Катерина Мирчовска, директорка на болницата во Кочани.

Проблемите не се само внатре, туку и надвор од здравствените установи. Околу кочанската болница со години се таложел отпад. Денеска почна да се расчистува и да се прави простор за нови паркинг места, а ќе се демонтира и модуларната болница.

Тамара Марковска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Термоцентралите на Западен Балкан загадуваат 6,6 пати над дозволените граници – извештај на мрежата „Бенквоч нетворк“

Sasko Dimovski

Прифатени седум од 105 поднесени амандмани за Предлог на законот за судска служба

Sasko Dimovski

Вишиот управен суд со пресуда поништи одлука за концесијата за Иловица

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе