Вести Свет

Хегсет: Само што почнавме и ќе се бориме колку што е потребно

Aмериканскиот министер за одбрана Пит Хегсет на вчерашната прес-конференција изјави дека САД имаат јасна воена предност во војната против Иран и се подготвени за продолжена кампања.

– Немаме недостиг на муниција. Нашите резерви на одбранбено и офанзивно оружје ни овозможуваат да ја одржиме оваа кампања колку што ни е потребно, посочи Хегсет.

Според него судирот со Иран е во почетна фаза.

Само што почнавме борба и одлучно ќе се бориме, наведе Хегсет.

Додека командант на Централната команда на САД (ЦЕНТКОМ), адмиралот Бред Купер истакна дека американските сили за 72 часа погодиле речиси 200 цели во Иран, вклучително и околу Техеран. Според него уништени или потонати се 30 ирански бродови.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нетанјаху: Нема да дозволам Иран да се вооружи со нуклеарно оружје

Дејан Дејан

СДСМ поднесе 82 амандмани на законите за судска и јавнообвинителска служба по критиките на вработените за предложените решенијата

Дејан Дејан

Уште еден осомничен за злоупотреби во Фудбалската федерација на Македонија, доби притвор

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе