Просечната потрошувачка кошничка е изработеа и dадена е во Економско-социјалниот совет, кај сите членови и чекаме нивни забелешки, нивни предлози како придонес во оваа Просечна потрошувачка кошничка.
На крај, ќе ја финализираме и ќе биде објавена пред јавноста – потрошувачка кошничка која ќе се базира на реалните податоци од релевантните институции, а не да имаме некоја потрошувачка кошничка направена од некој професор или од некои луѓе што не се релевантни, односно не се проверени од институциите, најави министерот за економија Бесар Дурмиши во неделното интервју за МИА.
А, пред денешниот економски социјален совет тој ја искоментира и минималната плата. Точно е дека минималната плата е најактуелна тема, но јас би го додал и зборот најполитизирана, зашто во Економско-социјалниот совет имаме и многу други теми што се исто така многу важни и што треба да ги третираме. Но, повеќе аргументи очекува на денешниот совет.
