Бизнис објектив Вести Економија Македонија

Бизнис објектив: Возниот парк во Македонија старее

Европа брзо се префрла од возен парк со мотори со внатрешно согорување кон поеколошки возила. Податоците за јануари на Европското здружение на производители на автомобили, покажуваат дека кога станува збор за нови автомобили во Европската унија, секој петти е електричен, а хибридите се најпопуларен тип возило за Европејците и нивниот удел изнесува акоро 39 проценти.

Додека во Европа сè помалку се купуваат бензински и дизел автомобили, во Македонија тие доминираат со удел од околу 80 проценти. Електричните, за жал, едвај надминуваат еден отсто. Освен тоа, наместо да се подмладува, возниот парк во земјава старее и сега просечната старост на автомобилите изнесува скоро 20 години.

Македонија е единствената држава во регионот која нема субвенции за електрични возила, иако повеќе пати до сега се најавуваше таква мерка. Од Владата информираат дека сега се поставува основа за развој на инфраструктура за полнење електрични возила.

Постоечката законска регулатива ги расплинува надлежностите на повеќе институции, па затоа од Владата посочуваат дека евентуално воспоставување систем на директни финансиски стимулации, како што се субвенции при купување, намалени давачки, царински олеснувања или даночни поволности за електрични возила, претставува меѓуресорско прашање кое бара координиран пристап на повеќе институции.

Искуството на трговците со автомобили покажува дека куповната моќ го кочи напредокот и токму затоа посочуваат на неопходноста од стимулативни мерки и субвенции во насока на подмладување на возниот парк и намалување на емисиите на штетни гасови.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нетанјаху: Нема да дозволам Иран да се вооружи со нуклеарно оружје

Дејан Дејан

СДСМ поднесе 82 амандмани на законите за судска и јавнообвинителска служба по критиките на вработените за предложените решенијата

Дејан Дејан

Уште еден осомничен за злоупотреби во Фудбалската федерација на Македонија, доби притвор

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе