Вести Економија Свет

ММФ со нова програма за финансирање на Украина вредна 8,1 милијарда долари

Oдборот на директори на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) одобри нов четиригодишен продолжен финансиски аранжман за Украина вреден 8,1 милијарда долари, соопшти премиерката на Украина, Јулија Свириденко.

– Првата транша од околу 1,5 милијарди долари ќе пристигне во Украина во блиска иднина. Средствата ќе ги искористиме за финансирање на буџетскиот дефицит и поддршка на макрофинансиската стабилност – рече Свириденко, пренесува Укринформ.

Според неа, програмата поддржана од ММФ е дел од пошироката фискална рамка осмислена да го покрие проектираниот дефицит на државниот буџет од 136,5 милијарди долари во текот на четири години и вклучува продолжување на реформите кои обезбедија макроекономска и финансиска стабилност во претходните години.

– Важно е да се нагласи дека новата програма за соработка на ММФ за Украина е „сидро“ за сета меѓународна финансиска поддршка, особено за добивање на кредитот од 90 милијарди евра од Европската унија – истакна Свириденко.

Премиерката на Украина претходно неделава изјави дека украинската влада успеала да постигне договор со Меѓународниот монетарен фонд за зголемување на годишниот лимит за индивидуалните претприемачи, по чие достигнување мора да се регистрираат како обврзници на ДДВ.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нетанјаху: Нема да дозволам Иран да се вооружи со нуклеарно оружје

Дејан Дејан

СДСМ поднесе 82 амандмани на законите за судска и јавнообвинителска служба по критиките на вработените за предложените решенијата

Дејан Дејан

Уште еден осомничен за злоупотреби во Фудбалската федерација на Македонија, доби притвор

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе