Вести Македонија Најважни

Ќе се проширува ли истрагата за серискиот убиец од кумановско?

Една недела од откривање на серискиот убиец во кумановско Нагоричане се отвора прашањето, дали некој му помагал на 25-годишникот. Засега од обвинителството велат дека немаат докази за ова. Сепак, потврдуваат дека се истражуваат пропусти при истрагата на неколку случаи, поврзани со кражби, обиди за убиство и убиство. Извори за Tелма од истрагата велат дека огромен е пропустот при пронаоѓањето на 35-годишната Марија Маринковска, мртва во дом во Старо Нагоричане.

Сите го занемариле фактот дека е пронајдена со јамболија врз главата и полугола. Но, она што запрепастува, а не е земено предвид е дека имала модрици на грбот и крв по телото. Кумановскиот адвокат Александар Симоновски ги застапува нејзините родители, но и ќерката на Мира С. која, исто така, беше пронајдена мртва во домот. Смета дека се направени пропусти, особено при пронаоѓањето на мртвата Марија.

Родителите на починатата Марија живеат во Куманово. Првично, нејзиниот случај бил затворен како природна смрт. После еден месец обвинителството нареди ексхумација и се потврди дека и таа жртва на 25-годишниот Трајко. Родителите тврдат дека нивната ќерка се знаела со убиецот и дека се жалела дека ја следи. Во еден период работела за семејството каде живеел и чувала овци со него. Сега бараат да се открие вистината за нивната ќерка.

Телма веќе објави дека осомничениот уште како средношколец имал повеќе инциденти за кои знаела и полицијата и социјалните служби, но никој не реагирал. Мештаните од околните села пак сега се исплашени дека некој му помагал, бидејќи кај последната жртва има пријавено дека недостигаат 15.000 евра. Тој имал и друга пријава за тешка кражба во минатото. живеел со очувот и неговата мајка, а во последно време купиле повеќе вредни работи.

На ТикТок, пак, има објавено повеќе видеа каде наредил банкноти на масата и се фалел со нив. Досега на товар му се ставаат две убиства и еден обид за убиство, но сомнителни се и два случаја од 2025 година за кои не се знае дали ќе се докажуваат.

Билјана Николовска Тодорова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ѓорческа против ланската финалистка Анисимова во првото коло на Вимблдон

Sasko Dimovski

Протест на вработените во ГТЦ кои примаат минимална плата

Дејан Дејан

Приколка од товарно возило се преврте на автопатот кон Гевгелија

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе