Државниот секретар Марко Рубио изјави дека САД и Кина постигнале „стратешка стабилност“ во нивните односи и се согласиле дека трговската војна ќе им наштети на двете нации.
Рубио рече дека постојните мерки за контрола на извозот имаат за цел да го минимизираат ризикот од кражба на технологија од страна на Кина.
Тој рече дека кина ги зголемила купувањата на американски земјоделски производи, но додаде и дека има области каде што е потребна повеќе работа.
-Значи, мислам дека достигнавме барем точка на еден вид стратешка стабилност во односите. Мислам дека двете земји заклучија дека тоталната глобална трговска војна меѓу САД и Кина би била длабоко штетна за двете страни и за светот. Остануваат прашања на несогласување. Остануваат прашања за кои знаеме дека на долг рок ќе мора да се соочиме и кои би можеле да бидат иритирачки за нашите односи, вели Рубио.
